недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Концерт на бразилскиот пијанист Пабло Роси во КИЦ на Македонија во Загреб

Концерт на бразилскиот пијанист Пабло Роси во КИЦ на Македонија во Загреб

Бразилскиот пијанист Пабло Роси во понеделникот одржа концерт во Културно-информативен центар на Македонија во Загреб.

-Покрај бразилска пијанистичка ѕвезда, Пабло Роси, настапи и квинтетот со дел од музичари на камерниот ансамбл Кантата Балканика, во кои членуваат млади талентирани музичари од целиот регион, информира Наталија Поповска, директорка на КИЦ на РС Македонија во Загреб.

Таа посочува дека концертот се одржал како резултат на соработка меѓу двете реномирани организации за музички менаџмент, Кристофориумарт и Арт Линк и КИЦ во Загреб. (МИА)