Кумановскиот театар, вчера премиерно ја изведе претставата „Црвенкапа“. Најмладите уживаа во преставата во која играат актерите: Александра Михајловска, Анастасија Величковиќ, Матеј Стојковски, Никица Јанковски и Владанка Крстевски. Режијата е на Никица Јанковски и Бојана Краљевска, сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стевковска Дарко Илиевски, музика Јован Цветковиќ и драматургија Сашо Костовски.
Актерите почнаа да ја подготвуваат претставата во текот на јуни, а како што нагласуваат од театарот, детската претстава се реализира со делумна финансиска поддршка од Министерството за култура.
-Вечната приказна за Црвенкапа, приказната за доброто и лошото, која се игра во сите театри беше вистинско освежување за најмалит. Интересот за детските претстави е секогаш е голем кај кумановската публика. Наскоро ќе биде закажана и првата реприза на претставата. Со претставата „Црвенкапа“ ќе се претставиме и на Фестивалот ,,Малиот принц” што се оддржува во Штип од 18 до 20 септември, годинава, информираат од театарот.