На големата сцена во Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес денеска ќе биде изведена претставата „Лисистрата“ од Аристофан, во режија и сценска адаптација на режисерот од Ерменија Хакоб Газанчјан.
Тоа е прва изведба на претставата на репертоарот на Театарот, по нејзината премиерна изведба во Античкиот театар во Стоби на свеченото отворање и затворање на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Сценографијата за претставата и изборот на музиката е на Хакоб Газанчјан, асистент на сценографија е Софија Стојаноска, а костимите се на Катерина Чукниева.
Во претставата настапуваат актерите: Ирена Илиевска, Марина Поп-Панкова, Кети Борисовска, Талија Настова, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Васил Зафирчев, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Кире Ацевски и Ане Павлов.
МИА