Во насока на промоција на македонското богато културно наследство, во 2012 година беа отворени десетици сувенирници ширум Македонија. Во нив се продаваа реплики од експонатите што ги има во Музејот на Македонија – од предмети најдени на археолошките локалитети или апликации од автентичен накит, сувенири со копиите од спомениците во главниот град и државата, книги и брошури за културното наследство на Македонија, пишува на својата Фејсбук страница претседателот на советот на општина Велес Зоран Љутков.
-Истите беа во функција и на културниот туризам, со што беше овозможено на македонските граѓани и туристите кои влегуваат и излегуваат од државата да купат копии од македонските археолошки предмети и да ги понесат со себе со што ќе ја промовираат државата и нашето непроценливо културно наследство. Пет годишното успешно функционирање на сувенирниците стана минато со доаѓањето на СДСМ на власт, кога отпочна ерата за обезличување на се’ што е македонско културно и духовно наследство.
Денес е останата само грда слика на едно блиско минато, руинирани објекти на најпрометните локации во Македонија кои безсрамно сведочат за негрижата на СДСМ кон сопствента култура, духовните вредности и идентитетот!
Ги повикуваме на морална и материјална одговорност директорот на Националната установа Музеј на Македонија во чија надлежност припаѓаат објектите/сувенирниците, како и министерот за култура како еден од низата креатори на овие срамни политики за негрижата кон јавното добро и направените штети врз овие објекти, пишува љутков во својат објава.