недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Љубителите на кулинарските специјалитети имаа можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна

Љубителите на кулинарските специјалитети  имаа можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна

По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претстави традиционалните вкусови на српската кујна.

За автентичноста на специјалитетите задолжени беа главниот готвач на хотелот и неговиот тим, кои на гостите им приредија автентично гастрономска задоволство. Специјалитетите беа сервирани со познатата српска ракија, како и српски вина. Гостите имаа можност да уживаат во гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење беше резервирано за печено прасечко и уштипци. Десертот беше вистинско уживање со Васина торта во комбинација со српски ликер од орев.

Автентичната атмосфера за време на оваа „Српска вечер“ беше комплетирана со музика во живо и забавен дел во изведба на КУД Кочо Рацин, а вистинско изненадување беше комичарот Далибор Голубовиќ, познат како Двојникот на Вучиќ.