петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Мајка Мадеа“ и „Смртта на мадам Дупин“ – нови е-книги со македонски превод

„Мајка Мадеа“ и „Смртта на мадам Дупин“ – нови е-книги со македонски превод

Во рамки на проектот „Драмски инверзии“, од страна на Македонскиот центар ИТИ/Продукција издадени се две нови е-книги – „Мајка Мадеа“ на италијанскиот драмски автор, режисер и социолог Фабио Толеди и „Смртта на мадам Дупин“ на поетесата Катарина Сариќ, во македонски превод.

Преводот на „Мајка Медеја“ го направи Кристина Пешева – Диновска. Театарските илустрации и дигиталната изложба инспирирани од книгата се на Снежана Давиткова. Уредник и дигитален куратор е Иванка Апостолова Баскар, а видео промоцијата е на Михаило Апостолов.

-„Матер Медеја“ е верзија на митот за Медеја, на инспиративниот автор Фабио Толеди (Италија) создадена благодарејќи на неговите искуства на создавање социјален театар и театар во конфликтни зони. Драмата е поетска, интензивна, елоквентна, хорот или гласот на совеста, како „Рашомон’’ ги одразува сите лица на фатализмот, сите лица на дилемите, сите лица на согледувањето. Мајката Медеја и беа да изврши филицид, ги убива своите деца со староста и смртта, се наведува во соопштението.

Преводот на „Смртта на мадам Дупин“ од црногорски го направи Драгана Евтимова.

Театарските илустрации и дигиталната изложба инспирирани од „Смртта на мадам Дупин“ се на Ивана Кунгуловска. Уредник и дигитален куратор е Иванка Апостолова Баскар, а видео промоцијата е на Михаило Апостолов.

Проектот „Драмски инверзии“ е поддржан од Министерството за култура.