Актерот, пејач и водител на ТВ емисијата „Џентлмен магазин“ на 28 Октомври ќе ја доживее својата прва Белградска премиера во Театарот Теразије.
Претставата „Црни Лептир“ работена според текстот на Спасоја Ж. Миловановиќ, инспирирана од музиката на легендарната “ЈУ Група”, а во режија на Марко Јовичиќ, премиерно ќе биде изведена на 28 и 29 октомври во 19:30 часот.
Како што е најавено, претставата „Црни Лептир“ ќе биде спектакуларна по многу нешта. Станува збор за претстава со најмногу изведувачи до сега, а Жарко е првиот актер од Македонија што е поканет да гостува во тој театар. Ја изведува дупли- актерски ансамбл, а за време на тричасовната изведба, публиката ќе може да слушне 27 композиции од најдолговечниот рок бенд на овие простори, со гудачки оркестар, труби, саксофони, удиралки, џез и блуз елементи.
Милош Бранисављевиќ ги аранжираше песните на сосема нов начин кои се вклопуваат неверојатно во приказната, а кореографијата е на Милица Церовиќ која најави различни танцови стилови, сценски движења како на рокенрол забава, дури и кореографски бокс. Публиката првпат ќе може да го види филмското сценарио во театар, фрагментарна драматургија, четириесет и девет кратки сцени, а интересно е што главните актери мора да се пресоблечат 30 пати во текот на претставата.
Репризите на премиерата се најавени за 30 октомври, 5 и 6 ноември. Димоски толкува една од главните улоги во претставата.