вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

МАНУ ќе одбележи 110 години од раѓањето на Харалампие Поленаковиќ

МАНУ ќе одбележи 110 години од раѓањето на Харалампие Поленаковиќ

МАНУ денеска напладне ќе организира свечен собир по повод 110 години од раѓањето на Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, долгогодишен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и меѓу првите членови на Академијата.

Собирот ќе го отвори претседателот на МАНУ Таки Фити, а обраќања ќе имаат академиците Витомир Митевски, Влада Урошевиќ, Зузана Тополињска и Катица Ќулавкова.

Харалампие Поленаковиќ (Гостивар, 30 јануари 1909 – Скопје, 15 февруари 1984) е автор на голем број трудови од областа на македонската уметност и народна литература, како и од областа на литературите на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од илјада библиографски единици.