вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци

Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје денеска организира настан за промоција на библиотекарството под наслов „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“, како дел од „Годишната програма на проекти и манифестации во областа на културата од јавен интерес за Град Скопје за 2018 година“.

На конференцијата, која е на тема „Библиотеките помеѓу визијата и дилемата“ ќе учествуваат гости од библиотеките од Белград, Кикинда, Сараево, Ужице, како и библиотекарите од јавните, универзитетските, градските и школските библиотеки од Македонија, и професорите од Катедрата по библиотекарство од Педагошкиот факултет во Скопје.

Учесниците на Конференцијата ќе се разговараат за се она што е ново како иновативни услуги, трендови, она што е IN и OUT, и ќе се размислува креативно во насока на Design thinking for libraries. (МИА)