четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Мими“ на Даријан Пејовски со три проекции во Кинотеката

„Мими“ на Даријан Пејовски со три проекции во Кинотеката

Вториот игран филм на Даријан Пејовски, „Мими“ ќе биде прикажан во три проекции во јануарската програма на Кинотеката, вечер, на 20 и 21 јануари со почеток во 20 часот.

„Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Таа работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите. Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.

Овој втор игран филм на режисерот Пејовски, својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажан на филмските фестивали во Пула и Херцег Нови. Во псохолошката драма улогите ги толкуваат актерите Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски и Владимир Петровиќ.