Македонскиот народен театар утре ја почнува новата театарска сезона. На репертоарот утревечер е „Не се клади на Енглези“ на режисерот Синиша Евтимов, која ќе биде изведена и на 16 септември. Првата премиера во новата сезона на МНТ е на 24 септември – „Бесачи“ која ја подготвува бугарскиот режисер Јавор Грдев.
Претставата е според „Hangmen“ – текст од 2015 година на актуелниот британски автор Мартин Мекдона. Во актерската екипа се: Никола Ристановски, Кире Ѓоревски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Ѓорѓи Јолевски, Славиша Кајевски, Владо Јовановски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Александар Михајловски, Нелко Нелковски и Трајче Ѓоргиев.
Овој месец на репертоарот на МНТ се и двете премиери од првата половина во оваа година – „Макбет“ и „Мој термин“.