Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „ЛАГАТА“, во режија на Бесфорт Идрзи, оваа година ќе учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.
Како што посочуваат од МНТ, претставата е работена според текст на францускиот писател Флоријан Зелер, а улогите ги толкуваат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.
-„ЛАГАТА“ ќе се одигра на 12 септември со почеток во 20:00, на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица, во чест на нашиот драг колега, соработник и пред сѐ голем пријател – Крсте С. Џидров – Џиби, соопштуваат од тимот на МНТ.