Актуелната хит-претстава „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Македонскиот народен театар, ќе гостува на 22. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово.
Изведбата на претставата е закажана за 4-ти октомври и ќе биде одиграна на сцената во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Фестивалот почна на 1 октомври и ќе трае до 15 октомври, а во програмата се и гостувањата на театри од Србија, Хрватска, Бугарија и Албанија.
Дејството во претставата се однесува на опсесивно-компулсивните нарушувања и отвора многу прашања, а публиката е ставена во ситуација сама да ги толкува одговорите.
Во „Мој термин“ играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски.