МНТ ја информира публиката дека од утре со почеток од 20 часот стартуваат со онлајн претстави во вашите домови.
-Бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“. Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн, информираат од МНТ.