понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

МОБ на отворањето на „Башчаршиски ноќи” во Сараево

МОБ на отворањето на „Башчаршиски ноќи” во Сараево

Со гала концерт „Поздрав од Скопје“ солистите на Македонската опера и балет денеска ќе го отворат меѓународниот фестивал на културата „Башчаршиски ноќи”, во Сараево.

На отворањето, како што информираат од МОБ, ќе настапат солистите Наде Талевска (сопран) и Никола Стојчевски (тенор), додека со оркестарот на Сараевската филхармонија ќе диригира Маестро Иван Еминовиќ.

Гостувањето на МОБ е на покана на Сарaевската филхармонија.

„Башчаршиски ноќи” се најголемиот културен настан, односно летен фестивал на културата во Сараево, каде настапуваат голем број домашните ансамбли и солисти, како и многу европски и меѓународни уметници.

(Миа)