вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

На „БитФест“ во Битола – вечер на француска класична музика

На „БитФест“ во Битола – вечер на француска класична музика

Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со вечер на француска класична музика, концерт кој ќе го приредат гостинката од Франција, Фредерик Легранд- виолончело, и неговите придружници од Македонија Марко Поп Ристов-виолина, Марија Вршкова-пијано.

На македонската музичка јавност познати и се Марко Поп Ристов од Скопје и битолчанката Марија Вршкова, додека пак своето деби во Битола ќе го има Фредерик Легранд која на пијано почнала да свири на 3 годишна возраст, а подипломирањето на конзерваториумот во Валенсиен, таа почнала да го изучува виолончелото со Дејвид Лоуерс и Елен Датри и дипломирала на музичка уметност на Кралскиот колеџ за музика во 2009 година, кај Александар Бојарски.

Од „БитФест“ за Легранд информираат дека тааработи, компонира и свири редовно со бендови како што се „Надвор од кралското семејство“, „Млади ножеви“, Стефан Корбин, свирејќи и електрично виолончело за снимки на фестивали како што се Glastonbury, V фестивалот, Channel 4, BBC 3, Cranberries Tour 2010, а од неодамна, ја изведува операта Мајкл Нјман со квартетот „Лигети”.

Нејзините нови проекти за 2018 година вклучуваат возбудлива програма на камерна музика на фестивалот„Лаудердејл хаус“ во Лондон од февруари до декември 2018 година, изведувајќи ги во трио и квартети, вклучувајќи ги Дебиси и Енеску сонатите.

Вечер во битолскиот Музеј, Легранд, Поп Ристов и Вршкова ќе ги изведат делата „Трио соната“ од Жан Баптист Лоилет, „Ла бандолин“ од Куперин, „Пиано трио“ од Дебиси и „Соната за виолина и пијано“ од Пуленц.