Македонскиот актер Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 година во Скопје.
Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.
Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Познат е по своите улоги во Македонски народни приказни. Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.
Петрушевски почина на 67 годишна возраст на 25 август 2018 година, од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани.