Доајенот на Драмски театар и на македонското глумиште, актерот Ѓокица Лукаревски, е овогодинешен добитник на наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ што се доделува на Фестивалот на комедијата Гола месечина.
Лукаревски (Скопје, 29 април 1951), е познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.
-Со својата длабоко доживувана актерска интерпретација, Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави, каде што толкува главни и споредни улоги, а познат е и по улогите во „Пресуда“, „Македонски народни приказни“, „Хихирику“ итн, објавија организаторите на фестивалот.
На втората фестивалска вечер Лукаревски настапи во „Партија реми“, во режија на Виолета Џолева, претстава со којашто во 2018 година тој одбележа 40 години играње на сцена во Драмски театар и замина во пензија.