сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ утре премиерно во киното Мис Стон

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ утре премиерно во киното Мис Стон

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ на 17.11.2022, утре од 19.30 часот премиерно ќе биде прикажан во киното Мис Стон при НУЦК „Марко Цепенков“.

Проекциите ќе се одржуваат и петок 18.11.2022 и сабота 19.11.2022 со почеток од 19.30 часот.

Влезниците по цена од 150 денари се продаваат на билетарницата од киното од 10 до 12 и од 17.30 до 19.30 часот.

Филмот говори за две семејства кои си ја бараат среќата – пристојни на почетокот, среќни на крајот. Играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ.

Милчо Манчевски освен што е потписник на режијата , автор е и на сценариото. Филмот „Кајмак“, е копродукција меѓу Македонија, Данска, Холандија и Хрватска, со поддршка на Еуримаж и спаѓа во жанрот црна комедија.