понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Нишкиот театар со „Брод на љубовта“ гостува во Драмски

Нишкиот театар со „Брод на љубовта“ гостува во Драмски

Драмски театар-Скопје ќе биде домаќин на гостувањето на Народниот театар од Ниш со претставата „Брод на љубовта“ по текст на Небојша Ромчевиќ, во режија на Ангелчо Илиевски.

Ова е прво и возвратно гостување на нишкиот театар во  ДТС  кој во март на нивната сцена учествуваше  со претставата „Фестен“  на меѓународниот фестивал „Театар на крстопат“.

На матичната сцена претставата е премиерно изведена во ноември 2016 година. „Брод на љубовта“, според истоимената драма, е траектот „Кримхилда“ што крстосува на релацијата Либек – Санкт Петербург. Неговите патници се сексуални печалбари од источноевропските (некогаш комунистичките) земји кои се во потрага по заработувачка и подобар живот, односно Европејци од средниот сталеж кои се во потрага по задоволства, забава и заборав.

Покрај режисерот Илиевски, во екипата од земјава се вклучени  и сценографот Валентин Светозарев и костимографката Марија Пупучевска. Автор на музиката е Боривоје Младеновиќ, а кореограф Небојша Громилиќ. (МИА)