вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Норма“ ги отвора јубилејните 50. Мајски оперски вечери

„Норма“ ги отвора јубилејните 50. Мајски оперски вечери

Националната опера и балет годинава одблежува 50 години од Мајските оперски вечери, традиција за почит, која и годинава ќе понуди врвни уметнички креации со учество на домашни и странски уметници. Празникот на Операта свечено ќе биде отворен на 9 мај со премиера на операта „Норма“ од Винченцо Белини, која ќе биде репризирана и на 11 мај, а на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, и во оф-програмата балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално музичко – сценската манифестација ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди.

Директорот на НОБ, Васо Ристов, на денешната прес – конференција, истакна дека изминатите 50 години македонската културна сцена благодарение на престижната манифестација МОВ, активно го живее месецот мај како центар на музичко-сценски случувања, претставувајќи платформа на која се презентираат современите музички вредности со настап на домашни и странски музички уметници.

-Со изминувањето на годините, се повеќе и посигурно МОВ ги оставруваат проектираните цели и ја оправдуваат потребата за нивното постоење и одржување етаблирајќи се како ценета, престижна и меѓународно етаблирана музичко-сценска манифестација. И после двегодишната пандемија, НОБ успеа да го задржи својот континуитет и квалитете со оглед на предизвиците кои ги носат светската екононска, енергетска енергетската и безбедносната криза, рече Ристов.

Уметничкиот раководител на Операта Дејан Прошев нагласи дека за големиот јубилеј на оперскиот фестивал каков нема на Балканот, се одлучиле отворањето на манифестацијата да биде со операта Норма. -Годинава се одбележуваат 30 години од нејзината прва изведба во земјава, а последен пат на МОВ е изведена 1996 година. Имаме екипа од Италија, Србија и домашни солисти со кои по традиција ги отвораме вечерите, рече Прошев.

Италијанската артистичка екипа ја сочинуваат диригентот на претставата Енрико Довико од Италија кој се задржа на спецификите и историјатот на Норма како класично оперско дело, со посебна тежина и режисерот Ренато Бонајуто, кој се зблагодари за, како што кажа, доделената одговорност и чест да го отвори 50-то издание на Мајските оперски вечери, со македонските уметници со голем потенцијал.

-Завршивме навистина огромна работа, затоа што работевне на текст од 19 век којшто изболилува со терминологија која е неразбирлива и за Италијанците, со оглед дека моравме да обасниме голем дел од тие термини сметам дека успеавме во тоа. При тоа се обидовме на најдобар начин да ги истакнеме ликовите кои се во операта. Да ја претставиме Норма која што е жена мајка, која е изневерена, на начин кој ќе ја долови таа психолошка нитка кај овој лик. Сценограијата ќе изобилува од тн земјени бои, затоа што епохата во која се случува дејствието уште пред римјаните, ги поврзува со земјата, со природата, рече маестро Бонајуто.

Во Операта настапуваат и првенките на НОБ, Благица Поптомова која ќе ја изведе насловната улога, Сандра Митровска во улогата на Адалџи и Ѓорѓи Цуцковски како Полионе, кои изразија задоволство да бидат дел од отворањето на МОВ и предизвикот да настапат во една ваква добра продукција, вклучувајчи ја сценографијата и костимите.

-Норма е една комплексна и виртуозна улога која секој сопран ја посакува, се разбира во малку позрели години, бидејќи доколку не се поседува добра техника и искуство, Норма е голем залак за да биде перфектно изведена. Дадовме се од себе и мислам дека публиката ќе ужива, рече Поптомова

Цуцковски посебно ја истакна соработката со режисерот маестро Бонајуто и диригентот Довико, за посветеноста своите знаења за италијанската опера, белкантото да ги пренесат на солистите.

Во рамки на одбележувањето на овој исклучителен јубилеј ќе биде промовирана и монографија за манифестацијата како културен симбол на нашето општество, чиј автор е Александар Трајковски, а рецензент е Фимчо Муратовски, диригентот на операта „Цар Самоил“, првата претстава со која биле отворени Мајските оперски вечери во далечната 1982 година.