Најновото, 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е во знакот на традицијата, а годинава и со задолжителни мерки за борба против Ковид-19.
Во пресрет на вечерашниот централен настан што ќе се одржи во пациото на битолскиот Музеј, од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека на сцената во Битола ќе биде доделена наградата на ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ чиј добитник е режисерот Столе Попов, а за присутната публика ќе биде емитувано видео обраќање на добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински, како и видео обраќање од ново избраниот претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите-ИМАГО, Кејс Ван Острум.
Според протоколот, вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола за големиот културен настан ќе говорат покоровителот на фестивалот, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, градоначалникот на Битола, Наташа Петровска, амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, претседателот на ДФРМ, Игор Иванов и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот.