Белградскиот весник „Политика“ во рубриката за култура објави осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли.
Романот „Зад аголот“ во превод на српски јазик на Зоран Ж. Пауновиќ. го објави издавачката куќа „Албатрос плус“ и го претстави на изминатиот белградски саем на книгата.
Во освртот кон романот на нашиот писател насловен „Ново во книжарниците – Романот на Томислав Османли“ стои дека станува збор за автор со гоелма ерудиција кој си поигрува со книжевните постапки градејќи сложен раскажувачки свет.
– Османли читателите истовремено може да ги насмее и да ги растажи. „Зад аголот“ развива девет линии на дејство, од кои некои се преплетуваат, додека други се разделуваат. Следи настани во Европа Азија и Америка во 1999-та година, се вели во освртот за романот.
Според писателот и филозоф Ферид Мухиќ романот „Зад аголот“ претставува книжевно спојување на халуцинации и хипернатуралистички описи, со езотерични и со мистични и окултни навеви, прекриени со приказот на современата информациска технологија.
(Миа)