недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Култура

Објавена „Девојката Смрт“ од чешката писателка Луцие Фаулерова

Објавена „Девојката Смрт“ од чешката писателка Луцие Фаулерова

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја објави книгата „Девојката Смрт“ од  чешката писателка Луцие Фаулерова, во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.

-Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не, посочуваат од „Антолог“.

Преводот од чешки на македонски јазик е на преведувачката Маргарета Карајанова.