Стихозбирката „Чинук“ на Ристо Лазаров ја објави издаваштвото „Дијалог“. „Чинук“ е 35-та стихозбирка на Лазаров.
Книгата ја одбележува 50-годишнината од објавувањето на неговата прва стихозбирка „Ноќна птица во паркот“.
Поетесата Лидија Димковска во поговорот кон ,Чинук“ оценува дека во оваа книга јасно се оцртува поетолошката струѕктура на поезијата од „Чинук“: дека сѐ е во сѐ, дека секој е современик со секого, дека чинукот не дува само во Северна Америка, туку и насекаде, во секое суво поле, во секоја геополитичка сува фурна со сув леб, но и во нас, суви од сите колективни и лични премрежиња, од лулка до гроб.