четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Објавени две книги со драми „Две драми“ и „Сара и други драми“

Објавени две книги со драми „Две драми“ и „Сара и други драми“

Во издание на „Перун Артис“ излегоа од печат две книги со драми „Две драми“ од драматургот Еве Камчевска и „Сара и други драми“ на Катерина Момева.

Во книгата „Две драми“ застапени се комедиите „Избраниот“ и „Остани исправен и оди грациозно“, додека во книгата „Сара и други драми“ се застапени нејзините најнови драми „Сара“, монодрамата „Исмена“, дуодрамата „Телеграма“ и либретото „Силен или сатирска игра по Орестија“.

Драмите на Ева Камчевска се „човечки прецизни и конкретни, посветени на секојдневието на човекот и неговите современи предизвици“ како што напоменува во поговорот театрологињата др. Ана Стојаноска, додека Момева со своите пиеси е „еден вид предвесник на либералното во нашата драмтургија и во филозофското во женското писмо создадено на нашиот јазик“ како што вели др. Сашко Насев во својот осврт.

И двете изданија се издадени со финансиска помош на Министерството за култура на Република Северна Македонија.