Избрани дела во пет тома од раскажувачкиот и романсиерски опус на македонскиот писател Блаже Миневски објави „Матица македонска“ од Скопје по повод шеесетгодишнината од неговото раѓање.
Во првиот том насловен „Да речиме уште една“ се публикувани расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“.
Книгите се проследени со толкувања од Јустина Млецак, Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други.
Блаже Миневски е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази. Романите на Миневски се преведени на англиски, руски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во државава и надвор од неа. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на наградите „РомаÐ ½ на годината“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.