недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Омаж за шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон

Омаж за шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон

Во Друштвото на писателите на Македонија, во соработка со Шпанската амбасада, денеска на пладне ќе се одржи омаж во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон.

Омажот е по повод двегодишнината од смртта на Падрон, кој беше добитник на „Златниот венец“ и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

За творештвото на Падрон ќе говори академик Влада Урошевиќ. Присутните ќе ги поздрави и Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Ќе се обратат и претставник на Шпанската амбасада во Република Северна Македонија и сопругата на Падрон, Клеопатра Филипова.

Стихови од Хусто Хорхе Падрон ќе чита Ѓорѓи Калајџиев. (МИА)