Во Музејот на македонската борба денеска напладне ќе биде отворена изложба „Спомени од Првата светска војна“ со која музејот се придружува во одбележувањето на 100-те години од крајот на еден од најкрвавите и најдраматичните настани од светската историја.
-Тематската мултимедијална изложба ги опфаќа најзначајните настани, процеси и сведоштва од Големата војна во Македонија. Преку различни видови и форми меморија – документарни материјали, фотографии, лични сведоштва, поткрепени со богат музејски фонд, изложбата ги презентира војничкиот живот, но и животот во време на војна од наша, автентична, перспектива, соопшти Музејот на македонската борба.