Во издание на издавачкиот центар „ТРИ“, наскоро ќе биде објавен најновиот роман на македонскиот автор и професор Венко Андоновски – „Папокот на светлината“.
Андоновски се враќа на сцената со нов роман, десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои книжевните награди Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“.
Како што соопштија од издавачката куќа, „Папокот на светлината“ се надоврзува, но не го продолжува „Папокот на светот“.
-Јан Лудвиг, протагонистот кој во „Папокот на светот“ трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата, наспроти оние кои се задоволуваат да му бидат облека на ѓаволот, велат од „ТРИ“. (МИА)