среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Почнува Интернационалниот поетски фестивал „Екс Либрис“ – Скопје

Почнува Интернационалниот поетски фестивал „Екс Либрис“ – Скопје

Првото издание на Интернационалниот поетски фестивал „Екс Либрис“ Скопје почнува вечер во 19 часот. Под мотото „FESTIVAL IN PROGRESS“ во текот на неколку месеци ќе се одржат десетина настани – поетски читања, преведувачки работилници, дискусии, предавања, промоција на изданија на значајни светски и домашни автори.

Вечерашниот настан со кој започнува фестивалот „Екс Либрис“ – Скопје е партнерски организиран со Шкотскиот поетски фестивал Станца. Тоа е преведувачката работилница „Најдено во преводот“, дискусија и поетско читање на македонски и британски поети и преведувачи, меѓу кои и Питер Мекеј, Тања Хершман, Катица Ќулавкова, Митко Гогов и Никола Ѓелинчески. Тие соработуваа во текот на шест месеци на работилници на кои ги дискутираа нивните поетики и создаваа нови креативни препеви на нивните дела кои ќе бидат презентирани вечерва.

Проектот е поддржан од програмата на Британскиот совет за финансирање меѓународни проекти од полето на книжевноста.

Публиката ќе може да го следи настанот онлај на платформата ЗУМ.  (МИА)