Издавачки центар ТРИ од денеска почнува уште едно издание на Летниот фестивал на книгата, настан кој ги слави книгите и читањето и ја отвора сезоната на попусти, акции и примамливи понуди од изданијата на ТРИ и Паблишер.
Оваа година, како што информира издавачкиот центар, слоганот на фестивалот е „Откриј море од приказни“, кој ја нагласува важноста да се биде релаксиран во летниот период, кој оваа година е поинаков за сите нас.
– Летниот фестивал е препознатлив настан кој со години ја популаризира книгата во пресрет на годишните одмори и лежерните викенди. Ова лето ТРИ обезбеди широка фестивалска понуда со нови изданија, со одличен фестивалски попуст од 20 до 70 проценти и многу интересни наслови кои наскоро ќе ги красат полиците на ТРИ. Љубителите на Мураками, Бегбеде, Гејман, Руми, Вуди Ален… ќе имаат можност да ги купат своите омилени автори со најновите книги токму на Летниот фестивал, се наведува во соопштението.
Издавачкиот центар ТРИ преку фејсбук и инстаграм-профилите ќе ги наградува најактивните и посветени читатели со бесплатни примероци од нови книги. Целата фестивалска понуда може да се погледне на линкот. (МИА)