четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Поетесата Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во Лариса

Поетесата Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во Лариса

Македонската поетеса Јулијана Величковска учествуваше на Тесалискиот поетски фестивал во грчкиот град Лариса.

Величковска настапи на свеченото затворање во летното кино во Лариса, како и на читањето во гратчето Трикала, близу туристичката атракција Метеори.

На 10. Издание на фестивалот, кој се одржуваше од 18 до 22 јули учествуваа 80-тина поети, музичари и визуелни уметници од Северна Македонија, САД, Германија, Велс, Хрватска и Грција.

Темата на фестивалот беше животната средина и природата.