Поетско читање по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 30 години независност на државата, ќе се одржи денеска, со почеток во 19:30 часот во Институтот за македонски јазик во Скопје, информира компанијата „Инфомедиа системи“, која е организатор на настанот.
Поетското читање е насловено „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна“, во изведба на Дино Имери, пијано и Симона Спировска, актер.
Настанот се реализира како дел од повикот на Владата за одбележување на 30 години од независноста.