четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Поранешна пратеничка и шеф на партиска комисија на СДСМ доби државна награда „Свети Климент Охридски”.

Поранешна пратеничка и шеф на партиска комисија на СДСМ доби државна награда „Свети Климент Охридски”.

Екс пратеничката и екс претседателка на Комисијата за едно општество на СДСМ Ѓулумсер Касапи е меѓу годинешните добитници на највисоката државна награда „Свети Климент Охридски”.

-Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година. Честитки за носителите на признанието: универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, во областа на воспитанието и образованието, како и писателот Јован Павловски, музичката уметничка Снежана Анастасова-Чадиковска и академската сликарка-костимограф Елена Дончева во областа на културата и уметноста, напиша претседателот Пендаровски во врска со церемонијата која се одржа во Собранието.

Наградата на Касапи и ја доделува македонскиот парламенент каде до пред една година лауреатката била пратеничка и координарка на клубот на пратенички.

Кои се заслугите на Касапи за воспитанието и образованието и што таа објавила или направила во овие области, а е од државен интерес во 2021 година, не и е познато на јавноста.

Касапи која беше пратеничка на СДСМ и шеф на партиска комисија која ја формираше Заев во јавноста е позната и како мајка на членот на кабинетот на вицепремиерот Артан Груби кој според МВР беше фатен со наркотици по што беше избркан од својата советничка позиција во владата каде го советувал Артан Груби за култура и општество.

Целата анализа прочитајте ја на ЕКСПРЕС