Театар Комедија денеска премиерно ќе ја изведе претствата „Илуминати“ работена според култниот филм на Алфред Хичкок „39 скали“.
„Илуминати“ жанровски претставува уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик. Приказната се одвива околу главниот херој Кирил Балкан, кој заедно со плејадата споредни ликови, води низ својата животна приказна со несекојдневни патешествија…, велат во сижето за претставата од Театар Комедија.
Напоменуваат дека во „Илуминати“ се користат гласни ефекти (пукање).
Во преставата играат Валентин Костадиновски – Тино, Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски
Режијата е на Синиша Евтимов, сценографијата на Мартин Манев, а костимограф е Ивана Каранфиловска Угуровска.