понеделник, 25. март 2024. Вести денес: 0
home Култура

Премиера на краткометражниот филм „Еден тон сладолед“ на Сандра Ѓоргиева

Премиера на краткометражниот филм „Еден тон сладолед“ на Сандра Ѓоргиева

Краткoметражниот игран филм „Еден тон сладолед“ во режија на Сандра Ѓоргиева синоќа ја имаше својата премиера во Кинотека на Република Северна Македонија.

Филмот ја следи агонијата и борбата со грижата на совест на тинејџерот Јован. Во обид да се ослободи од притисокот, го комплицира животот на Ева, млада самохрана мајка на малата Софија. Со низа апсурдни ситуации проблемот станува сè поголем, посериозен и може да тежи колку еден тон сладолед.

Еден тон сладолед“ сe снимаше минатото лето, 2021 година, во Скопје, а главните улоги ги толкуваат Јелена Јованова и Бодан Киранџиски, а за првпат на филм се појавува Јована Иванова.

Како сценаристи на филмот се потпишуваат режисерката Ѓоргиева заедно со Јаков Попоски, директор на фотографија е Ѓорѓи Клинчаров, а монтажата е на Михајло Чунихин. Сценограф на филмот е Влатко Чачоровски, костимографка е Емилија И. Атанасовска, музиката ја компонираше Јован Јовановски, а дизајн на звук работеше Сашко Потер Мицевски. Продуценти се Илија Тирицовски и Пеце Талески од ОХО Продукција.

Филмот помина низ CineLink Industry Days платформата на Sarajevo Film Festival и е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. (МИА)