Во рамки на фестивалот на европски филм „Синедејс“ вечерва во МКЦ парк кино ќе се одржи премиера на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска.
„Синиот час” е копродукција на Кавал филм од Скопје со Круг филм и Филмс за нас. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.
Улогите ги толкуваат Наташа Петровиќ, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф – Симо Бранов, монтажер – Горјан Атанасов, дизајнер на звук – Игор Поповски, композитор – Тони Китановски, костимограф – Жаклина Крстевска и шминкер – Жанета Димитриевска.
Продуцент е Роберт Јазаџиски, а копродуценти се Дејан Крајчевски и Павлина Проевска.