петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Премиера на претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на Мето Јовановски

Премиера на претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на Мето Јовановски

Претставата „Госпоѓица Јулија“ по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Мето Јовановски вечер премиерно ќе биде изведена во Културно-информативниот центар во Скопје.

Во претствата играат Марија Кондовска, Андреј Серафимовски и Сандра Темова.

Костимите и сценографија се на Благој Мицевски, а дизајнот на плакатот е на Влатко Јовановски.

Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура.  (МИА)