недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Премиера на претставата „Покондирена тиква“ на Театарот при Дом на култура Кавадарци

Премиера на претставата „Покондирена тиква“ на Театарот при Дом на култура Кавадарци

Театарот при Дом на култура Кавадарци вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Покондирена тиква“ по текст на Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Микица Илова.

Во претставата улогите ги толкуваат актерите Ивана Данова, Ангела Василевска, Диме Боцев, Јована Секуловска, Александар Малинков, Сашко Орешков, Диме Коцевски, Валерија Пашова.

Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“. Првите репризи на претставата се закажани за на 29 октомври и 1 ноември 2022 од 19:30 часот.