вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ во МОБ

Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ во МОБ

Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ од Филип Грујиќ во режија на Борис Василески вечерва ќе биде премиерно одржана во Македонска опера и балет – Мала станица, со почеток во 20 часот.

„Вилицата на Ибен Бајерс“ е застрашувачко истражување на човечкиот дух, што ги истакнува опасностите од неконтролираната амбиција и кревкоста на нашето постоење – сплет на хибрис и трагедија кои даваат одговор на многу навидум едноставни, но сепак комплексни човекови дилеми.

Во претставата играат Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли, Јанка Лефкова.

Продуцент на претставата е Андреа Маркоска, драматург Стефан Миленков, костимографијата е на Марта Дојчиновска, сценографијата е на Ненад Тонкин и музиката е на Сашко Костов.