Во Народниот театар – Битола денеска ќе бидат изведени две претстави. Во дневната програма, со почеток во 10:13 часот, ќе биде изведена претставата „Божиќна песна“, а во вечерниот термин, од 20 часот, „За нас почнува живот“.
„Божиќната песна“, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит, е една од најгледаните новогодишни и божиќни приказни.
Претставата е креирана според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, во копродукција со Културниот и информативен центар – Битола и со поддршка на Општина Битола.
Претставата „За нас почнува живот“ на авторот Ѓерг Шпиро, пак, е во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви, а во режија на Дејан Пројковски.
И оваа претстава е во соработка со битолскиот Културен и информативен центар и Општина Битола.