Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец, гостува во Загреб на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа.
Загребската публика има можност вечерва од 21:оо чaсот во сатиричниот театар Керемпух, да ужива во изведбата на „Глембаеви“ која е критика на нововековната тајкунска чудовишност.
Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а сценографијата на Сузана Брезовец.
Со фестивалот „Мирослав Крлежа“ кој трае до 7 јули, годинава се одбележуваат 130 години од неговото раѓање.
-Фестивалот нуди богата и разновидна програма и е културен настан на загребачкото културно лето и место за средба на Крлежа со уметниците и публиката. Токму затоа и учеството на нашиот театар на овој фестивал е од големо значење, велат од прилепскиот театар.