петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Притвор за гостиварецот кој се обиде да обљубил сосетка во нејзиниот дом

Притвор за гостиварецот кој се обиде да обљубил сосетка во нејзиниот дом
фото илустрација

Денеска попладне судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на 41-годишниот гостиварец Д.В. му определил мерка притвор од 30 дена поради основано сомнение дека сторил кривично дело “силување во обид”, казниво по член 186, а во врска со член 19 од Кривичниот законик, инаку кривично пријавен од СВРТетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.

Пријавениот Д.В., вчера (27 април) околу 20 часот физички ја нападнал 61-годишната сосетка во нејзиниот дом и се обидел да ја обљуби.

Попладнево тој ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на притворот.