понеделник, 25. март 2024. Вести денес: 0
home Култура

Проекција на „Изгубени илузии“ во кино Милениум

Проекција на „Изгубени илузии“ во кино Милениум

Проекција на филмот „Изгубени илузии“ ќе се одржи вечер во градското кино Милениум, во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во земјава.

Филмот е екранизација на истоимениот роман на Балзак и е овогодишен добитник на седум награди Цезар, меѓу кои и Цезар за најдобар филм.

Проекцијата на филмот е со поддршка на Зегин, Публицис и Младинскиот културен центар (МКЦ).

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер.