Промоција на книгата „Македонија во Географијата на Ал-Идриси“ од авторот Зеќир Рамчиловиќ од Институтот за национална историја и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија ќе се одржи утре во салата за промоции во „Порта Македонија“. Почетокот на промоцијата е закажан за 12 часот.
Промотори се Академик проф. д-р Драги Ѓоргиев и проф. д-р Благоја Марковски, а модератор на трибината е Проф. д-р Лидија Ѓурковска.
Книгата е во издание на Институтот за национална историја и Здружението Диван од Скопје, а со финансиска подршка на Министерството за култура на Република Македонија.