недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Промоција на романот „Отуѓување“ од Ѓорѓи Мешков

Промоција на романот „Отуѓување“ од Ѓорѓи Мешков

Во Домот на АРМ во Скопје вечер ќе се одржи промоција на романот „Отуѓување“ од Ѓорѓи Мешков, а во рамки на промоцијата ќе биде обележен и Светскиот ден на борбата против отуѓувањето – 25 Април.

Романот „Отуѓување“ раскажува за татковската љубов кон своето чедо, која разобличува, разголува и се бори против еден од најстрашните процеси на психичко и емотивно чедоморство, отуѓувањето на децата од едниот родител. „Отуѓување“ урива една повеќедецениска табу-тема во нашето општество, рецидив од минатото засилен со штетните „нус производи“ на современиот начин на живеење, пред сé зголемениот број на развоводи на брак.

Романот открива што се крие зад стереотипот „примарни и секундарни родители“ создаван и негуван со децении инкогнито од стручните служби и раководните кадри во социјалните институции.

Излагачи ќе бидат Борче Трајковски, писател, раскажувач и реставратор на македонските традиции и обичаи со пишан збор, Марија Трајкова, професорка по македонска литература и книжевност, Александар Малинков, актер, Валентина Ѓоргиевска Парго, независен новинар, Драги Змијанац, претседател и основач на првата детска амбасада „Меѓаши“ и Наум Рибароски, претседател на здружението „Одговорно родителство после развод – децата пред сé“. (МИА)