вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Прво издание на Охридскиот џез фестивал

Прво издание на Охридскиот џез фестивал

Општина Охрид со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации го организира првиот Охридски џез-фестивал.

Фестивалот ќе се одржува вечерва со настап на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, додека за утревечер на програмата е концерт на Џон И. Апелгрен квартетот.

Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот. Влезот е слободен.  (МИА)