среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Ретроспективна изложба на Владимир Темков во Чифте амам

Ретроспективна изложба на Владимир Темков во Чифте амам

Во Чифте амам вечер во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба, 40-годишен опус, на Владимир Темков.

Владимир Темков е присутен на македонската и поранешната југословенска ликовна сцена од 1980 година и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба.

Тој е основач и организатор е на Меѓународната ликовна колонија, „Кавадарци-Михајлово“ од 1996 година.

Организатор е на првата Ликовна колонија 1982 година во рудник Ржаново, с. Мрежичко, Кавадарци.

Исто така и претседател на Друштво на ликовни уметници на Кавадарци, како и потпретседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број ликовни колонии, симпозиуми, семинари и друго. (МИА)