вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

СЕЌАВАЊЕ: Две години од смртта на Драган Вучиќ

СЕЌАВАЊЕ: Две години од смртта на Драган Вучиќ

Пред две години на денешен ден почина пејачот, композитор и ТВ-водител Драган Вучиќ.

Тој почина на Инфективната клиника во Скопје поради компликации од коронавирус, а подолго време бил дијабетичар.

Вучиќ е автор на популарни поп песни како „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“, а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005. Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“.

Изминативе години, Вучиќ беше популарен како водител на квизовите „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“, „Среќни луѓе“, a последна емисија му беше „Гурмански приказни“ што се снимаше со пејачи, актери и уметници низ балканските земји. Роден е во Скопје во 1955.